Синдикатот за одбрана бара оставка од министерката Шеќеринска
Foto

Синдикатот за одбрана бара оставка од министерката Шеќеринска

Синдикатот за одбрана и безбедност и и независниот синдикат на професионалните војници поради лошите услови за работа побараа метлата во владиниот состав да ја опфати и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Обвинуваат дека со години работат во очајни услови, ниски плати и неисплатени придонеси. Бараат зголемување од 10 отсто во министерството и во АРМ.

Од министерството за одбрана со контра обвинување – тврдат дека Ајтов врши притисок поради личен интерес. Министерството информора дека синдикатот се одмазува поради тоа што не било дозволено финансирање на синдикални игри и поради тоа што била признаена репрезентативноста и на независниот синдикат за одбрана.

0 Коментари

Остави коментари