Синдикатот на полиција во Македонија обвинува за безредие и хаос во ПС Газа Баба
Foto

Синдикатот на полиција во Македонија обвинува за безредие и хаос во ПС Газа Баба

Алармантна е состојба во организационата единица во полициската станица во Гази Баба каде што началникот и неколку поставени незаконски раководители вршат принуда и притисоци кон полициски службеници да не ги пријавуваат контактите со заразени и позитивни лица на ковид 19, обвини денеска Дејан Саздов генерален секретар на Синдикатот на полицијата во Македонија.

Тој на прес конференција рече дека во пресрет на изборите надлежните сакаат да предизвикаат хаос и безредие во МВР преку издавање наредби спротивно на издадените наредби и телеграми од највисокото раководство на МВР, за што ги искористуваат службените положби и овластување според нивната хиерархиска поставеност, при Бирото за јавна безбедност.

0 Коментари

Остави коментари