Симовски за тв 24: Овој попис, закон и методологија се во согласност со европските стандарди
Foto

Симовски за тв 24: Овој попис, закон и методологија се во согласност со европските стандарди

Апостол Симовски, директорот на Завод за статистика во емисијата 24 анализа истакна дека утре ќе има официјален податок колку лица се самопошишале, а денеска започна попишувањето со лицата сместени во казнено поправните институции. Во среда ќе се спроведе попишувањето на бездомниците и припадниците на армијата.

„Денес беше таков, што бев постојано на терен и немамм информација колку се попишале и не сакам да згрешам, утре ќе имаме официјална информација.“ - рече Симовски.

Симовски рече дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, падна во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди. Рече дека се води сметка и за пандемијата и затоа ќе се донесат строги протоколи кои се ригорозни и комисијата веќе расправаше и утре треба да ги усвои Владата.

0 Коментари

Остави коментари