Симовски за тв 24: Никаков политички субјект не вршеше притисок врз нас како да се спроведе пописот
Foto

Симовски за тв 24: Никаков политички субјект не вршеше притисок врз нас како да се спроведе пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа истакна дека овој попис се спрведува со комбиниран метод, а не со традиционалниот од 2011 и сите претходни пописи.

- Комбинираниот метод ви дава можност истовремено да спроведувате податоци на терен, но и користите податоци од бази во држаните институции. - рече Симовски.

Пописот не попишува она што е во регистарот, туку се спроведува и теренско попишување.

- За првпат не одиме со хартиени прашалнци, туку со електронски. Попишувачот не е во контакт со  податоците по завршување на попишувањето. Штом попишувачот заврши и ја употреби командата „сними“, тие податоци одат во нашата база и тие не се чуваат во лаптопот на попишувачот. На тој начин го штитиме и попишувачот и податоците да не има проблем да ги чува тие податоци ил друг да дојде во контакт со нив. - вели Симовски.

Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

- Ни директно, ни ндиректно ако ќе го спроведеме пописот. И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме, е наша работа и никој не се обидел да се меша. - рече Симовски.

0 Коментари

Остави коментари