Силвестри: Патот кон ЕУ да се држи настрана од историјата
Foto

Силвестри: Патот кон ЕУ да се држи настрана од историјата

Тоа што најмногу го посакуваме е надминување на моменталната блокада во најскоро можно време и за таа цел апелираме на здрав разум до сите, порача италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри.

Италија се залага за што е можно побрзо усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада која настана по бугарското вето.

Ова во интервју за МИА го изјави новоименуваниот италијански амбасадор во земјава, кој вели дека Италија отсекогаш цврсто го поддржувала чекорењето на Северна Македонија кон европската интеграција.

0 Коментари

Остави коментари