Силно невреме на Халкидики
Foto

Силно невреме на Халкидики

Силно невреме со поплави го зафати полуостровот Ситонија во Грција. Ветерот кој дувал со брзина од 100 км на час откорнал дрвја. Во туристичкото место Никити кое се наоѓа вториот крак, со часови нема струја.

Македонските туристи кои се на одмор во овој дел на Грција, велат дека вакво нешто досега не виделе вакво страотно невреме. Грчките медиуми пренесуваат дека во некои делови од земјата паѓало град со големина на јајце. Грчките власти предупредуваат да не се пие водата поради опасност од загаденост. Оштетени се многу автомобили, а на некои места водата нвлегувала и во куќите. Овој дел на Грција и минатата година беше погоден од слично невреме со поројни додови.

0 Коментари

Остави коментари