Силен земјотрес регистриран во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит
Foto

Силен земјотрес регистриран во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит

Земјотрес со интензитет од 5.3 до 5.5 степени според првичните информации, беше регистриран на две минути пред полноќ, по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри североисточно од островот со длабочина од 27 километри. Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 5.3 степени.

Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови на островот Крит, а половина час по потресот, нема информации за материјална штета или повредени лица.

0 Коментари

Остави коментари