Шведскиот принц Карл Филип и принцезата Софија се тестирани позитивни на ковид 19
Foto

Шведскиот принц Карл Филип и принцезата Софија се тестирани позитивни на ковид 19

Сите членови на шведското кралско семејство се ставени во изолација, откако е потврдено дека принцот Карл Филип и неговата сопруга Софија се позитивни на ковид 19. Принцезата Софија од почетокот на пандемијата работи волонтерски во градската болница, во ковид одделот, но сега цел оддел каде што работи ќе биде тестиран на вирусот.

Карл Филип и Софија јавно ги соопштија резултатите од тестирањата и во моментот се во самоизолација и имаат благи симптоми. Според медицинските протоколи, сите членови ќе бидат тестирани, а како мерка за претпазливост сите се ставени во самозиолација.

Досега 7 припадници на кралско семејство јавно обелоденија дека се позитивни на ковид 19, почнуваќи од принцот Алкберт од Монако кој прв објави дека е позитивен на ковид 19, а по него тоа го стои и принцот Чарлс. На почетокот на ноември и неговиот син Вилијам призна дека уште во април бил тестиран позитивен на ковид 19, но не сакал да ја вознемирува нацијата и јавно да објави.

0 Коментари

Остави коментари