ШУТКА ПОВТОРНО БЕЗ ГИНЕКОЛОГ, НАД 8000 ЖЕНИ ОСТАВЕНИ НА ЦЕДИЛО
Foto

ШУТКА ПОВТОРНО БЕЗ ГИНЕКОЛОГ, НАД 8000 ЖЕНИ ОСТАВЕНИ НА ЦЕДИЛО

Оперирана пациентка, на која и било потребно да и се препише терапија од матичниот гинеколог, утринава наишла на затворени врати во гинеколошката ординација во Шуто Оризари. Докторката која работеше две години таму ставила известување на вратата од ординацијата дека е преместена во Ченто. Освен оваа уште повеќе од 8.000 други жени од Шуто Оризари повторно останаа без матичен гинеколог во својата општина.

АНКЕТА – Шуто Оризари

„Не работи докторката тука, нема сега каде да одиме. Не добивме некакво известување од докторката дека веќе не работи тука, јас бев нејзина пациентка. Сега немаме гинеколошка ординација, а треба да има“

„Жалосно е што немаме гинеколог, а има доста жени, еве јас на пример немам гинеколог, но нема кај нас активности за да се донесе добар лекар, имавме еден и тој си отиде и веќе не знаеме каде да се обратиме, а болести има особено гинеколошки“

„Значи мора тука да има гинеколог, има некои жени немаат пари за одат подалеку, за здравје се работи“

Министерството за здравство потпиша договор со докторката Вјолце Мбиара во 2018та година за да работи во Шуто Оризари. Таа дојде од Албанија и покрај тоа што не го познаваше македонскиот јазик беше примена да работи, а доби и повисока плата, како финансиски стимул, бидејќи претходно цела деценија немаше гинеколог во таа поликлиника.

Ова е новата гинеколошка ординација каде што во моментов работи докторката Вјолце Мбиара во населбата Ченто. Но, докторката одби да одговори на нашите прашања зошто одлучила да замине од амбулантата во Шуто Оризари каде работеше две години.

Но и покрај тоа што министерот за здравство бил известен дека докторката ќе ја напушти амбулантата во Шуто Оризари, досега не е најдена замена. Здравствените власти допрва ќе одлучуваат дали повторно ќе доаѓаат доктори од други болници или пак ќе им дадат на специјализанти да работат со жените од Шуто Оризари.

„Најави дека сака да замине. Разговараме интензивно со други институции дали можеме да обезбедиме гинеколог преку системот на ротација. Доколку не може, ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програмата на Министерството за здравство. Има голема бројка на специјализaнти, кои се при крај на специјализација и ќе разговараме со нив во деновите кои следат. Верувам дека ќе најдеме решение.“ - Венко Филипче – Министер за здравство.

Од невладините пак побараа итно решавање на проблемот бидејќи токму недостапоноста до гинеколошка здравствена заштита е и една од причините за високата смртност на доенчиња кај ромската популација.

„Доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население. Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции – Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем. Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје“ - Салија Бекир - НВО Иницијатива на Жени од Шуто Оризари.

„Обврска на министерот за здравство е да обезбеди здравствена заштита, не може невладиниот сектор да го решава проблемот во ромските средини, мора да се вклучат институциите за да најдеме решение како да и помогнеме на ромската заедница.“ - Џемал Исмаил – НВО Романо Чачипе.

Најновите истражувања на невладините организации покажуваат поразителни статистики за здравствената заштита кај ромската популација. И покрај програмите на министерството за здравство,

0 Коментари

Остави коментари