Шумски пожари во Австралија
Foto

Шумски пожари во Австралија

Густ чад веќе неколку дена го обвива Сиднеј а високите температури и силните ветрови ги принудија Австралиските власти да издадоа предупредувања за висок ризик од пожари во источните и јужните региони на земјата.

Стотици шумски пожари горат долж источниот брег на државата а локалните власти наредија евакуација на населението кое живее во близина на Аделаида. Поради густиот чад Австралиското министерство за здравство побара во одредени делови од државата училиштата да останат затворени а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија...

„Условите се многу опасни. Луѓето треба да бидат внимателни и да се подготват за најлошото можно сценарио.“

Австралиските власти стравуваат дека ситуацијата може да се вложи со оглед на тоа дека во наредниот период се очекува температурата да се искачи и преку 40 степени.

Во пожарите кои избувнаа пред речиси еден месец, животот го шест лица загинаа, а речиси 600 домови се уништени. Загрозен е и животинскиот свет а на социјалните медиуми се појавија голем број на видеа од животни кои бегаат од огнената стихија. Австралиската полиција досега поднесе обвиние против 54 лица кои ја прекршиле забраната за палење оган.

0 Коментари

Остави коментари