ШТРАЈК СО ГЛАД НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД ИДРИЗОВО
Foto

ШТРАЈК СО ГЛАД НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД ИДРИЗОВО

Затворениците од Идризово почнаа штрајк со глад бидејќи тие не се опфатени со законот за амнестија што се подготвува, а со кој ќе се ослободат од вина само осомничените и осудените за упадот во Собранието на 27 април. Велат штрајкот е предупредувачки поради игнорирањето од власта на нивните барања.

- „Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони.“ - пишува во писмото испратено до управата на „Идризово“. - писмо на затвореници од затворот „Идризово“

Околу 600 затвореници одбиваат да земат леб вели директорот на КПД Идризово Боби Мојсоски. Тој за ТВ 24 вели дека затворениците барањата треба да ги проследат до Владата.

„Околу 60 проценти од осудените лица одбиваат да ја земаат храната. Одбивањето се работи поради барање амнестија. Се вршат лекарски прегледи на затворениците“ - вели директорот Боби Мојсоски за ТВ 24. - Боби Мојсоски – директор на затворот „Идризово“

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се планира носење на закон за општа амнестија, потенцираше дека се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието.

„Имаме добиено писмо, веројатно ќе се одговори. Ние го добивме писмото преку институциите и така сме одговориле бидејќи не знаеме на кој граѓанин кој отслужува казна да се обратиме бидејќи таму пишува осуденици кои отслужуваат казна. Се разговара за Закон за амнестија за настаните од 27 април, но исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството или организацијата. - изјави Зоран Заев премиер на Р.М.

Во писмото на затворениците од Идризово предупредуваат дека доколку во следните два дена не добијат конкретен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжат со штрајкот со глад, а нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

0 Коментари

Остави коментари