Штипските градинки се подготвуваат за старт од септември
Foto

Штипските градинки се подготвуваат за старт од септември

Штипските градинки активно се подготвуваат за прием на децата од септември. Протоколите се исти со оние од јуни, а бројот на децата што може да бидат згрижени е преполовен.

Каков ќе биде интересот кога во градот има над 450 активни случаи и 580 граѓани се во домашен карантин, ќе покажат новите анкети што треба да завршат до средината на месецов. Пред Штип да стане втор град по заразени со корона вирус во државата во Мај имаше најава во градинка да тргнат 820 деца.

Пред да тргнат децата во градинка родителите ќе треба да обезбедат потврда дека не можат да работат од дома. Ќе треба да достават и потврда од матичен лекар дека детето е здраво не постара од десет дена.

Ако градинките ги отворат вратите од септември тогаш ќе мора да има поголема хигиена, почесто проветрување и редовна дезинфкиција.  Дистанца во градинките тешко ќе се одржува, но нема да има мешање на групите.

Откако имаше реакции дека во една од штипските градинки треба да се плаќа за месеците во кои децата седат дома, општина Штип реши да им препорача на Управните одбори на детските установи и на Советот да донесат одлука со која паушалот од Април до Август ќе се плати од општинската каса. Станува збор за сума од 2,8 милиони денари. Засега нема најава за нов скрининг на вработените во градинките.

0 Коментари

Остави коментари