Штипската клиничка болница си го враќа одделението за физикална терапија
Foto

Штипската клиничка болница си го враќа одделението за физикална терапија

Штипската клиничка болница си ја врати сопственоста на објектот каде е сместено одделението за физикална терапија. Тоа значи дека сега болницата ќе може сама да се грижи за подобрување на условите за пациентите.Засега немаат пресметки колку ќе чини реконструкцијата, но признаваат дека целиот објект е во лоша состојба, посебно деловите каде има и најголема фреквефнција на пациенти.

Во просек во ова одделение дневно поминуваат околу двесте пациенти. Оние што ги прашавме, велат дека се задоволни од персоналот и апаратурата, а имало и мало подобрување на условите.

Пред шест  години за потребите на отсекот за физиотерапија штипскиот универзитет доби 2/3 од физикалната терапија, а останатиот остана на Министерството за здравство. Но овој трансфер на сопственоста не донесе подобри услови за пациентите. Од Универзитетот тогаш изработија и елаборат, според чија проценка целосната реконструкција на објектот би чинела околу два милиони евра. 

0 Коментари

Остави коментари