Штерјев: „Некои прашања не заслужуваат одговор“
Foto

Штерјев: „Некои прашања не заслужуваат одговор“

„Некои прашања не заслужуваат одговор“ – одговори претседателот на советот за јавни обвинители Коле Штерјев, на прашање за заканите кои ги упатил на новинар од Макфакс, а за кои реагираше и новинарскиот синдикат.

Како што пренесе медиумот Штерјев искоментирал дека во Макфакс пишуваат новопечени, недоквакани новинари, а за еден ако е присутен би можел и да го ишамара. Сакајќи да докаже дека е транспарентен Штерјев денеска одговори на сите прашања, и на случајот за сомнеж со судир на интереси кој Антикорупциска го отвори за вработувањето на неговата внука во обвинителството. Тој тврди дека испратиле 13 страници предлози за новиот закон за јо иако советот не бил консултиран.

0 Коментари

Остави коментари