Шпанските избори не дадоа јасна слика за ратификацијата за НАТО, Франција ќе ратификува вели Тимоние
Foto

Шпанските избори не дадоа јасна слика за ратификацијата за НАТО, Франција ќе ратификува вели Тимоние

Не очекувам да има никакви проблеми и до крајот на годината и Франција ќе го ратификува протоколот за членство на РСМ во НАТО  изјави денеска амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

По комеморацијата по повод денот на примиријето од Првата светска војна во изјавата која ја даде за медиумите а пренесувајќи ја и пораката на францускиот претседател Макрон – Тимоние исто така вели Франција ја поздравува иницијативата за мал шенген и очекува секоја соработка на економски план да вроди со плод, а земјата да остане фокусирана на реформскиот пат во областите кои и стојат како предизвик.

Протоколот за нашето членство во НАТО, освен Франција, претстои да го ратификуваат уште Холандија и Шпанија, каде вчера пак се одржаа парламентарни избори но ниту една партија не освои мнозинство доволно да формира влада. Конститутивната седница е закажана за трети декември, истиот ден кога почнува самитот на НАТО во Лондон,  каде што според оптимистичкото сценарио требаше да станеме полноправна членка на Алијансата.
И да се формира владејачко мнозинство на трети декември, многу се мали  шансите шпанскиот парламент веднаш да одлучува, бидејќи нема да бидат формирани ни соодветните собраниски тела.

Со ова и натаму лебди прашањето за ратификацијата на Македонија во шпанскиот парламент кој исто така треба да даде зелено светло на земјата за да стане полноправна членка во алијансата.  Доколку и по овие избори не биде формирана Влада во Шпанија процесот за ратификацијата повторно ќе биде пролонгиран.

0 Коментари

Остави коментари