Шпанија стана полуфиналист на ЕП
Foto

Шпанија стана полуфиналист на ЕП

Ракометарите на Шпанија и математички го обезбедија полуфиналето на Европското првенство, совладувајќи ја денеска Белорусија со 37-28.. Иако и пред овој меч веќе размислуваа на борбата за медали, Шпанците го формализираа пласманот меѓу најдобрите четири на Стариот континент и сега оставија само дилема дали како првопласирани или како втори од групата во Виена ќе тргнат во завршните пресметки.

Тоа ќе го реши нивниот меѓусебен дуел со Хрватска, која денеска заработи уште една инфаркт-победа, понеизвесна дури и од онваа над Германија, во претходното коло. Овој пат ја совладаа Чешка со 22-21, со гол на Лука Степанчиќ со звукот на сирената.

Сепак, не се се' добри вести за Лино Червар, бидејќи овој натпревар го пропушти Лука Циндриќ и неизвесен е за понатамошен настап на првентсвото. Хрватска и Шпанија ќе играат меѓу себе в среда, од 16 часот.

0 Коментари

Остави коментари