Шкендија од пенал во 90. минута го порази Работнички
Foto

Шкендија од пенал во 90. минута го порази Работнички

Со двата гола на Агим Ибраими од пенал, Шкендија го совлада Работнички со 2:1 во денешниот натпревар од првата македонска фудбалска лига.

Скопјани поведоа со голот на Шаркоски, а пресвртот го направи Ибраими, со два гола од казнен удар од 11 метри. Победничкиот гол падна во 91 минута.

Сега Шкендија се искачи на третата позиција на табелата, со девет бода помалку од првопласираниот Вардар. Во следното коло на 21 ноември, Шкендија игра тетовско дерби со Ренова, а Вардар го пречекува скопскиот ривал Шкупи. Работнички остана последен на табелата со четити бода помалку од претпоследниот Борец. 

Фото: Sport1.mk

0 Коментари

Остави коментари