Шилегов: Регистарот за имињата на улиците денеска ќе биде доставен на одобрување во владата
Foto

Шилегов: Регистарот за имињата на улиците денеска ќе биде доставен на одобрување во владата

Советот на град Скопје ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град. Со тоа завршија неколкудневните натегања меѓу власта и опозицијата во Советот на град Скопје за преименување на улиците  и враќање на старите имиња.

Градоначалникот  Петре Шилегов порача дека регистарот ќе се достави до Владата на одобрување и очекува наскоро процесот да заврши. 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивствавуаше на предлогот за преименување на улиците, тврдејќи дека целиот процес бил спроведен без јавна расправа, па побараа од владата да не се прифати регистарот.

„Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. ВМРО-ДПМНЕ бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Шилегов овој предлог го одби.“ - велат од ВМРО ДПМНЕ.

Советот на град Скопје на седница ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, со што се вратени некои претходни, како „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“, Бихаќка. Во листата на нови имиња се и Дејви Боуви, групите „Квин“, „Леб и сол“, „Лева патика“, „Мизар“, како и Есма Реџепова и филмот „Медена земја“. Улици во Скопје ќе ги носат и имињата на новинарот Никола Младенов,  спортистите Благоја Георгиевски, Атина Бојаџи, како и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи.

Старите имиња на дел од скопските улици беа сменети во периодот кога мнозинството во градскиот Совет и градоначалничкото место во главниот град и во повеќето општини ги имаше ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари