Шестмина убиени во Загреб, меѓу кои и дете, преживеало само седумесечно бебе
Foto

Шестмина убиени во Загреб, меѓу кои и дете, преживеало само седумесечно бебе

Шест лица се убиени во куќа на улицата Цимерман во Загреб. Според полицијата, убиени се двајца мажи, три жени и едно дете. Преживеало само бебето од 7 месеци. Убиецот е во бегство и по него интензивно се трага. Полицијата ги блокираше сите излези од Загреб, а алармирани се сите полициски станици во цела Хрватска. Засега не се соопштуваат идентитетите на убиените лица, но се претпоставува дека се работи за едно семејство. Телата биле пронајдени во една куќа, откако полицијата добила неколку пријави за пукотници.

Во текот на ноќта полицијата ги сопира и претресува сите возила во градот.

0 Коментари

Остави коментари