Шестмина убиени во напад во болница во Чешка, напаѓачот се самоубил
Foto

Шестмина убиени во напад во болница во Чешка, напаѓачот се самоубил

Во пукање на Факултетската болница во чешкиот град Острава загинаат шест лица, петмина на самото место, а еден починал в болница од здобиените повреди. Чешката полиција по неколку часовна потера, го открила возилото на 42 годишниот напаѓач кој пукаше од пиштол во болницата. Напаѓачот се самоубил во автомобилот со кој бегал, пред да го уапси полицијата.

„Сите жртви се пациенти. Станува збор за четворица мажи и две жени.“ - изјави Јиржи Хавлант, директор на болницата во Острава.

Според медиумите, напаѓачот бил градежен техничар од Острава кој, според неговиот шеф кој го препознал на фотографиите, мислел дека никој не сака да го лекува иако е тешко болен и последните денови бил на боледување. Спутник на англиски, повикувајќи се на локални медиуми, јави дека станува збор за освета бидејќи детето на напаѓачот починало за време на породувањето бо болницата.

Во чекалната на трауматолошката амбуланта на факултетската болница во Острава, напаѓачот влегол по 7 часот наутро, извадил пиштол и им  пукал на  луѓето од блиску, а потоа побегнал. Критична е состојбата на двајца повредени, велат болнички извори. Полицијата не ги знае мотивите за нападот, но веднаш по трагедијата соопшти дека најверојатно не станува збор за терористички напад.

„Напаѓачот е мртов.  42-годишниот маж си пукаше во главата пред полициската интервенција.“ - изјави Јан Хамачек, министер за внатрешни работи.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја откажа посетата на Естонија, а министерот за здравство Адам Војтех од Саудиска Арабија се враќа во земјата. Чешката полиција презема засилени безбедносни мерки за да обезбеди дел од објектите кои можат да бидат цел на напади во целата земја, особено пред претстојните Божикни празници.

Засилено е и полициското обезбедување во главниот град прага. Денешното пукање во болницата во Острава на истокот на земјата е втора најголема трагедија во историјата на Чешка, по пукањето во ресторан во Ухерски Брод во 2015 година кога маж уби оссумнина и на крајот изврши самоубиство.

0 Коментари

Остави коментари