Шест медали за „Триоги рејсинг“ на натпревари во Србија и во Бугарија
Foto

Шест медали за „Триоги рејсинг“ на натпревари во Србија и во Бугарија

Скопје, 3 септември: Со вкупно шест медали, од кои четири златни, триатлон-клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје се врати деновиве од две меѓународни натпреварувања. Станува збор за Отвореното првенство на Сремска Митровица, Србија, и „Триекстрим куп“ што се одржа во Пловдив, Бугарија. На натпреварот што се одржа на 25 август во Сремска Митровица младите триатлонци Иво Јован Димовски, Бобан Јаневски и Марио Брезовски беа меѓу најдобрите тројца во своите категории. 16-годишниот јуниор Димовски беше најдобар во својата категорија, а го освои и третото место во апсолутна категорија, што претставува посебно достигнување за еден помлад пионер. Бобан Јаневски (10) и Марио Брезовски (8) освоија златни медали во своите категории. По кратките подготовки во Србија, тимот на „Триоги рејсинг“ замина во Пловдив, каде што младите триатлонци учествуваа на „Триекстрим купот“. Јуниорката Бојана Ѓорѓиевска стана апсолутен шампион во женска конкуренција во спринт дистанца, а кадетката Магдалена Станковска и Бобан Јаневски (во категорија „Надеж“) освоија бронзени медали во своите категории. Во новата сезона „Триоги рејсинг“, кој постои три години и работи со 70-ина деца, млади и возрасни, се подготвува за нови меѓународни натпревари и за прием на нови членови.

0 Коментари

Остави коментари