Шест лица повредени во пукање во Марсеј
Foto

Шест лица повредени во пукање во Марсеј

Шест лица се повредени во пукање што се случило во еден бар во Марсеј, соопшти денеска локалната полиција.

Пукањето се случило околу 21:30 часот во барот „Терминус“ во 15-от арондисман, кога вооружен напаѓач на мотор стигнал до барот и отворил оган, а потоа избегал.

Еден од шестмината повредени е во критична состојба.

 

Локалните медиуми шпекулираат дека нападот е поврзан со организиран криминал.

0 Коментари

Остави коментари