Шест фудбалери од двата тетовски клуба Шкендија и Ренова се позитивни на Ковид-19, потврди денеска Синдикатот на фудбалери на Македонија.
По вчерашните тестирања во двата клуба, како и обновената анализа, официјално четворица фудбалери на Ренова и двајца на Шкендија се заразени од коронавирусот.
Ова се први позитивни случаи во македонскиот фудбал откако претходно на задолжителното тестирање подлежеа играчите на Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Брегалница, Академија Пандев и Борец и сите беа негативни.
Позитивните фудбалери ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин, а Ренова ги откажа тренинзите и ќе чека насоки од надлежните институции.
0 Коментари