Шесеет и девет компании преку ФИТР ќе добијат финансиска поддршка за технолошки развој
Foto

Шесеет и девет компании преку ФИТР ќе добијат финансиска поддршка за технолошки развој

Вкупно 69 компании од пристигнатите 188 апликации ќе добијат финансиска поддршка од фондот за иновации и технолошки развој преку јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој.

Средствата што ќе ги добијат ќе бидат наменети за набавка на опрема, дигитализација, софтвер за подобрување на организацијата и за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Државата ќе ја помогне реализацијата на инвестициите во компаниите со 4 милиони и 200 илјади евра, а компаниите ќе учествуваат со скоро 10 милиони евра

0 Коментари

Остави коментари