Шеќеринска: Не сме добиле насоки од НАТО за сомнителни лица
Foto

Шеќеринска: Не сме добиле насоки од НАТО за сомнителни лица

Нема воени разузнавачи во мојот кабинет кој соработуваат со служби на држави кои не се членки на НАТО алијансата, тврди министерката за одбрана радмила шекеринска во изјава за независен весник....Како што изјави Шекеринска, откако е добиена потврдата за членство во алијансата, државата сама побарала помош од меѓународните партнери во спроведување на ветинг-процедурата врз вработените.....

- „Ниту НАТО ни испратил тим за ветинг, ниту најавиле, ниту писмено или усно некој побарал од нас да разрешиме или да смениме воени лица на функции, кои наводно соработувале со странски, пред сè со српските служби.“ - вели Министерката за одбрана.

Реакцијата на Шекеринска следи откако потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Алкесандар Николовски соопшти дека Нато-алијансата ја алармирала Министерката за одбрана дека во нејзиниот кабинет, но и во генерал-штабот има соработници на странски служби....

- „Стигнати се насоки до армијата дека во кабинетот на Шеќеринска и во Генералштабот на армијата за лица кои се на исклучително високи позиции, исто така и во военото разузнавање, кои што се соработници и на надворешни странски служби и истите мора да бидат отстранети за Македонија да биде кредибилен партнер, односно да не излегуваат информации надвор од НАТО. “

По вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на опозицискиот блок „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас, сериозни обвинувања пристигнаа од министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин...Српскиот министер за одбрана вели дека Скопје во моментов е она што во минатото била Будимпешта, односно центар на разузнавачки работи против Србија...

- „ Цврстата позиција на претседателот Александар Вучиќ дека Србија нема да прифати власт на амбасадорите, го доведе под непосреден удар од страна на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат и од каде ќе се поттикнуваат напади против Србија и нејзиниот претседател.“ - изјави Вулин.

Српскииот министер обвинува и дека Скопје е станато место каде се обезбедува финансирање но и поддршка за издајниците од целиот регион но и за политичари кои веруваат дека единствениот пат за да дојдат на власт е преку соработка со странците....

0 Коментари

Остави коментари