Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје
Foto

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. 

Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

 

Покрај со Димитров, се очекува шефот на германската дипломатија да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

0 Коментари

Остави коментари