Шефот на дипломатијата на Грција утре во прва посета на Македонија: Преспанскиот договор е обврзувачки за двете земји
Foto

Шефот на дипломатијата на Грција утре во прва посета на Македонија: Преспанскиот договор е обврзувачки за двете земји

Грција е силен поддржувач на европската иднина на земјава. Оваа порака ја испрати шефот на грчката дипломатија на само еден ден пред својата прва посета на Македонија.

Никос Дендиас во интервју за МИА открива дека официјална Аработи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за отпочнување на преговори, иако не открива кои се следните чекори кои ќе ги преземе грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Во врска со спроведувањето на Преспанскиот договор, шефот на грчката дипломатија порачува дека тој е обврзувачки за Грција и Македонија и смета дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

Дендиас Утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

0 Коментари

Остави коментари