Шарл Леклер: Никогаш не сум размислувал за статус на ѕвезда
Foto

Шарл Леклер: Никогаш не сум размислувал за статус на ѕвезда

Пилотот на тимот Ферари, Шарл Леклер одговори на прашањето дали размислува да стане ѕвезда на Формула 1.

– Никогаш не сум помислил на тоа. Да видиме како оди, но не мислам дека можеме да се подготвуваме за ова. Ако ова се случи, тогаш тоа е добро за мене. Ова ќе значи дека работам добро зад воланот. Секогаш е убаво да се слушаат комплиментите од поискусните или од луѓето кои оставиле трага во Формула 1. Убаво е да се слушне, но јас не мислам премногу за тоа. Само се обидувам да се подобрам во секоја трка и да се фокусирам да ги поправам слабостите.

По три трки во тековната сезона, Леклер се наоѓа на 5.место во поредокот во Ф1 шампионатот со 36 бода. Пред него се Фетел со 37, Верстапен со 39, Ботас со 62 и Хамилтон со 68. 

0 Коментари

Остави коментари