Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година
Foto

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година

Република Северна Македонија ќе биде домаќин и претседавач со ОБСЕ во 2023 година, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според Османи сите 56 земји учеснички во ОБСЕ ја прифатиле кандидатурата на Македонија која ќе следи по Шведска во 2021 година, и Полска во 2022 година.

Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија, како конструктивен актер и контрибутор во промоцијата на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја-членка на НАТО и идна земја-членка на ЕУ“, порача Османи.

0 Коментари

Остави коментари