Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК
Foto

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година.

- Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, вклучувајќи го и проширувањето на концептот на овластени економски оператори (ОЕО), се наведува во Извештајот.

Според Комисијата, Институционалниот капацитет на земјата за целосно учество во трговската, развојната и хуманитарната политика на ЕУ е се уште недоволен.

- Во наредната година, земјата треба особено да го зголеми својот севкупен административен капацитет во врска со трговската политика, Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и во рамките на СТО, да го спроведе Акцискиот план за развој на Заеднички регионален пазар 2021-2024 година, да го имплементира Протоколот број 6 за трговија со услуги на ЦЕФТА и да преговара и да го усвои Протоколот број 7 на ЦЕФТА за решавање спорови, наведува Европската комисија.

0 Коментари

Остави коментари