Сеуште нема одговорност за Павле Богоевски

Не стивнуваат реакциите околу аферата со пратеникот Павле Богоевски и аудио снимката која излезе во јавноста. Опозициската ВМРО ДПМНЕ и денеска со обвинувања упатени кон власта  но и како што посочи портпаролот Наум Стоилковски пратеникот  Богоевски го загубил кредибилитетот а институциите да испитаат под каква состојба ги носел одлуките во законодавниот дом.

Од СДСМ пак и денеска со писмено соопштение реагираа посочувајќи: 

„Очекуваме сите надлежни засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот особено и околу неовластеното снимање и емитување. Што се однесува до моралните аспекти – тие се на личната совест на секој пратеник како на секој друг човек. Законите важат за сите подеднакво.“

Мислењата и на јавните личности и експерти поделени околу аферата Половина грам кокаин . И во вчерашната 24 анализа актерот Сашо Тасевски кој важеше за поддржувач на Шарената револуција посочи оти со самото оправдување кое јавно го пласираше Богоевски на социјалните мрежи ја признава вината, додека пак шарената револуционерка Ирена Стеријовска вели признавањето не значи правдање туку во тоа таа гледа искрена пристап на Богоевски.

Во врска со овој случај вчера независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Иницијатива до собранието во понеделник да создаде услови за лекарски тим да направи тесирање на пратениците и носителите на јавни функции за да се утврди дали има злоупотреба наркотични сретства. Ваквата иницијатива најде на поддршка и од пратениците на СДСМ но и на ВМРО-ДПМНЕ ДУИ пак веќе предложија и ветинг, но од кабинетот на собранискиот спикер Џафери откако ја добија иницијативата посочија оти немаат правна и законска можност да ја спроведат оваа иницијатива, бидејќи пратениците имале редовни лекарски годишни прегледи . 

Пратеникот Павле Богоевски е претседател и на собраниската комисија за Деловнички и мандатно имунитетни прашања која ќе треба да расправа за  одземање на пратеничкиот мандат на екс премиерот и пратеник Никола Груевски.