Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утрово регистрира серија земјотреси со епицентри 50 километри југозападно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар - Тетово.
Според сеизмолошката опсерваторија, биле почувствувани два земјотреси во изминатото деноноќие. Потрес со јачина од 3,5 степени според европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар.
Во мавровскиот регион пак ноќеска во 1 часот и 30 минути е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени.
0 Коментари