Серена против Шарапова во дербито на првото коло на УС Опен
Foto

Серена против Шарапова во дербито на првото коло на УС Опен

 Американката Серена Вилијамс која е осма носителка и руската тенисерка Марија Шарапова ќе се сретнат во првото коло на Грен слем турнирот УС Опен во Њујорк. Ова ќе биде дерби дуел во стартната рунда на женскиот дел од турнирот.

Последен пат двете тенисерки меѓусебно играа во финалето на Австралија опен 2016 година.

Досегашниот биланс е 19:2 за Вилијамс.

Првата носителка Наоми Осака од Јапонија по денешното извлекување за противничка ја доби Ана Блинкова од Русија. Втората фаворитка за трофејот, Ешли Барти (Австралија) во првата рунда ќе игра со Зарина Дијас од Казахстан. Главниот дел од турнирот на Отвореното првенство на САД ќе почне в понеделник и ќе трае до 8 септември.

0 Коментари

Остави коментари