Семејството на починатата родилка од Охрид обвинува за негрижа, болницата тврди - постапено е по сите протоколи
Foto

Семејството на починатата родилка од Охрид обвинува за негрижа, болницата тврди - постапено е по сите протоколи

Семејството на почината 37 годишна родилка од Охрид се жали дека дежурните гинеколози од охридската болница не и овозможиле соодветен лекарски третман иако таа неколку дена пред да почине три пати била на гинеколошки преглед. Нејзина блиска роднина во телефонска изјава за Tв 24 тврди дека жената со силни болки трипати била враќана дома од дежурните гинеколози со препорака да се врати на породување кога ќе  дојде време за тоа.Но кога четвртиот пат се јавила на лекар бидејќе не можела повеќе да ги издржи болките, било доцна, им рекле дека плодот е во критична состојба.

Од Охридската болница исто како и вчера потенцираат дека во случајот со родилката е направено се како што треба од почеток до крај. Тврдат дека родилката претходно не посетувала редовни контроли, кога била прегледана од докторите не бил термин за породување и затоа со соодветни медицински препораки била испратена дома.Но таа велат дошла многу подоцна од кажаното.

„Случајот од страна на стручен колегиум е оценет дека од страна на гинеколошкиот тим е се направено по сите правила на медицината.Се е документирано и базирано врз докази.- велат од Охридската Општа болница.

Во меѓувреме случајот го истражува и Комисија од Министерството за здравство и ДЗСИ.

„Надзорот на клиниката во Скопје  е започнат уште вчера.Истиот ќе биде комплетиран откога ќе бидат завршени вонредните инспекциски надзори кај матичниот лекар и гинеколошкото одделение во Охридската болница. Овие два надзори се во тек“. - велат од Министерството за здравство.

Инаку реакции упатија и неколку здруженија на египќани од Охрид со барање целиот случај да се истражи до крај. Во меѓувреме излегоа и резулатите од тестирањето на корона вирус кои покажуваат дека пациентката била негативна на ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари