Семејна емотивна драма: Утре во Охрид премиера на филмот „Дедо и внук"
Foto

Семејна емотивна драма: Утре во Охрид премиера на филмот „Дедо и внук"

Премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. 

Филмот започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по „Мирно лето“ на Димитрие Османли, кој е целосно снимен во Охрид.

Станува збор за семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство.

0 Коментари

Остави коментари