СЕЛАТА ПОЛНИ СО СЕПТИЧКИ ЈАМИ
Foto

СЕЛАТА ПОЛНИ СО СЕПТИЧКИ ЈАМИ

На есен жителите од струмичко Дабиле ќе добијат канализационен систем и нема да се изложуваат на трошоци за чистење на септичките јами со што ја загадуваа животната средина. Таму веќе се работи на поставување на мрежа од околу 7,4 километри во рамките на проектот Водоснабдување и одведување отпадни води преку кредитот на ЕИБ

Освен во Дабиле привршува канализацијата и во Просениково . За двата системи потрошени се околу 36 милиони денари .Градоначалниот на Струмица најави канализации и во други две села.

Државата интензивно работи на подобрување на процентот на покриеност на населението со канализациони системи. Министерот за транспорт Сугарески тврди дека имало средства за таа намеан во во повече министерства.

Изградбата на канализации преставува најголем проблем за жителите во руралните средини. Општините не се финансиски моќни сами да реализират вакви проекти па сите погледи се свртени кон државните институции.

0 Коментари

Остави коментари