Секуловски: Во 2020 година има 14 напади врз новинари, повеќе од половина се врз жени новинарки
Foto

Секуловски: Во 2020 година има 14 напади врз новинари, повеќе од половина се врз жени новинарки

„Во последните 30 години кај нас има само 2 пресуди за говор на омраза, во Кривичниот суд, така ни рекоа. Или кај нас говор на омраза не постои, или ова кривично дело не се зема во предвид. Кај нас има зголемување на говор на омраза, а и пандемијата придонесе за тоа. Нападите се префрлаат на интернет, најчесто кон критичните новинари, медиуми. Во услови кога институциите не реагираат, тогаш има толеранција на агресијата и се мотивираат и други да посегнат по интегритетот на новинарите. Ова е сериозно. Најголемата одговорност припаѓа на Владата. Во Обвинителство има и случаи стари по 3 години, за закани кон новинари. Кога сме разговарале со обвинителите, ни велат за да има резултат, мора да помине многу време. Не е реално како тоа да трае со години, а за политичари исто така сета расврска завршува за неколку месеци. Новинарите се поизложени да бидат таргет. За 2020 година има 14 напади, вербални и физички, повеќе од половина кон жени новинарки. До сега само еден од овие случаи е решен“ - вели Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари