Секој треба да знае да пружи прва помош – порачаа волонтерите од Црвен крст Струмица
Foto

Секој треба да знае да пружи прва помош – порачаа волонтерите од Црвен крст Струмица

Млади волонтери од Струмичкито црвен крст демонстираа како треба да се даде прва помош на повредени во сообраќајна несреќа каде има тешко повредени. Пожарникарите сечеа возило за да извлечат млади лица кои настрадале. Екипи на Брза помош ги транспортираа повредените. Вака изгледаше показната вежба за евакуација и спасување што ја организираше Црвениот крст каде младите упатија порака дека секој треба да знае да укаже прва помош.

Вежбата беше дел и од кампањата „Твоето незнаење чини живот’’ која се реализираше изминативе месеци каде учесниците во сообраќајот ги освежуваа своите знаења како да пружат помош на повредени во тешки ситуации. Според Маријана Тошева повеќе од 100 тина струмичани биле дел од бесплатните курсеви за прва помош.

Вкупно 60 преставници од пет инситуции учествуваа во вежбата која половина час го блокираше центарот на Струмица каде голем број граѓани ги гледеа растрачаните волонтери, пожарникари, доктори. Митко Димчев од Дирекцијата за заштита и спасување тврди дека вакви вежби се потребни.

Со денешната вежба струмичкиот Џрвен крст го одбележа светскиото ден на првата помош при што упатија порака дека секој мора да биде подготвен при тешки ситуации да подаде рака и да пруши помош на повредните.

0 Коментари

Остави коментари