Седуммина кинески државјани хоспитализирани во Москва
Foto

Седуммина кинески државјани хоспитализирани во Москва

Седум лица со висока температура и симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција биле пренесени од хотел во северна Москва во болница.

Според првичните податоци, сите седум се кинески државјани, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од „медицински кругови“.

Извор на агенцијата соопшти дека заболените пристигнале во Москва пред неколку дена, заедно со уште 20 лица.

0 Коментари

Остави коментари