Седум тела во пратка од Србија пронајдени на пристаниште во Парагвај
Foto

Седум тела во пратка од Србија пронајдени на пристаниште во Парагвај

Парагвајските власти соопштија дека во контејнер што пристигнал од Србија се пронајдени 7 тела во фаза на распаѓање, пренесуваат српски медиуми.

Во соопштението стои дека контејнерот за ѓубре тргнал од Србија во јули, а пред неколку дена бил пронајден на брод во пристаништето Асунсион. Телата се откриени днес кога контејнерот бил отворен.

Обвинителството на Парагвај претпоставува дека се работи за слепи патници, бидејќи се пронајдени моркански лични документи кај двајца од настраданите.

0 Коментари

Остави коментари