Седум медицински лица од Струга заразени со морбили
Foto

Седум медицински лица од Струга заразени со морбили

Седум медицински лица од Струга се заразени со морбили. Меѓу нив четири сестри од интерното одделение при Струшката болница, едно лице вработено на педијатрија и уште две, една докторка и сестра од Брзата помош. Дополнително уште четири медицински лица од болницата се водат како фебрилни или сомнителни дека се носители на морбили. Од интерното одделение каде што има најмногу заболени велат сите се откриени навреме и соодветно згрижени на лекување.

Сомнежите се дека вработените морбилите ги добиле од невакцинирани пациенти. Тоа го тврди и  Елена Главинческа една од заразените сестри која десет дена води битка со морбилите за кои тврди дека ги добила од невакцинирано дете на кое му пружала медицинска помош. Таа  јавно на својот фб профил испрати апел родителите да ги вакцинираат совите деца.

Во меѓувреме директорот на струшката болница Реџеп Даути за тв 24  вели простор за паника нема и  додава дека навреме се превземени   сите мерки  за да се спречи понатомошно ширење и пораст во бројката на заболени. Во сите одделенија во болницата воведено е забрана за посета на  пациентите и се преземаат мерки за дезинфекција и дератизација на сите простории.

Поради ваквата ситуација деновиве е започната вакцинација на цел персонал во струшката болница, коишто досега не биле вакцинирани или коишто примиле само една доза од вакцината. Неофицијалните бројки во моментов се 20 заболени од морбили во Струга.

0 Коментари

Остави коментари