Седум лица се водат како исчезнати по поројни дождови во Турција
Foto

Седум лица се водат како исчезнати по поројни дождови во Турција

Седум лица се водат за исчезнати по поројните дождови што ја зафатија северозападна Турција во последните денови.

Циклонот, кој помина над Грција, погоди неколку села источно од Истанбул, јави агенцијата Анадолија.

Поради поплавените патишта и свлечишта, неколку населени места и повеќе од 4.000 луѓе моментално се целосно отсечени.

0 Коментари

Остави коментари