СЕДНИЦАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОЧНА ВО ТЕНЗИЧНА АТМОСФЕРА
Foto

СЕДНИЦАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОЧНА ВО ТЕНЗИЧНА АТМОСФЕРА

Довикувања, процедурални забелешки и препукувања меѓу пратениците ја одбележува седнивцата за законот за ЈО. Уште на почетокот независните пратеници негодуваа затоа што не беа поканети на координација кај претседателот на Собранието, а следуваа и две паузи за смирување на страстите меѓу партиите.

Опозицијата обвинува дека главна цел на власта за носење на законот е да се спасат главните виновници за Рекет. Милошоски сакаше да објави и наводна бомба за Заев, на што Џафери му порача дека собранискиот дом не е вистинското место за тоа и да се обратат кај надлежните органи

Министерката Дескоска која претходно не сакаше да го образложи јавно новиот закон за ЈО па ВМРО ДПМНЕ бараше пауза, го обвини Милошоски дека блефира а во јавноста пушта петарди а не бомби.

Препирка и меѓу ВМРО ДПМНЕ и независните пратеници. Милошоски изјави дека за СДСМ Крсто Мукоски бил терорист , а сега реформист ко им ги подджува политиките и одработува за нив. На ова Мукоски му врати дека ВМРО ДПМНЕ се претвора во грчката Златна Зора која ја држат во заложништво двајца или тројца луѓе и го врати Милошоски на 27 април.

Независната пратеничка Александрова побара од Милошоски да ја напушти партијата по што настана хаос а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски почна да ѕвони на ѕвончето на претседателската маса. По ова следеше уште една пауза.

Во меѓувреме од СДСМ кажаа дека нема да дебатираат повеќе за да не се одлага носењето на законот за Јавното обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари