Седница на Советот за безбедност
Foto

Седница на Советот за безбедност

 Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

0 Коментари

Остави коментари