СЕАД КОЧАН ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА–ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ЛИ СО БОЛЕСТА ОДЕЊЕТО ВО ЗАТВОР?
Foto

СЕАД КОЧАН ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА–ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ЛИ СО БОЛЕСТА ОДЕЊЕТО ВО ЗАТВОР?

Ден пред Кривичниот совет да одлучи дали ќе го прати бизнисменот Сеад Кочан во затвор на 17-ти јули, тој заврши хоспитализиран во една приватна болница како итен случај. Независно од одлуката на Кривичниот совет која се смета за конечна, од судот велат дека влошена здравствена состојба е нова ситуација која му дава уште една можност за молба и одложување на казната од 4 години и 8 месеци ако има цврсти докази од лекарска документација.

Судот денеска е известен дека лицето С.К е хоспитализиран и доколку биде доставена дополнителна молба за одлагање врз основа на новонастанатата состојба , судија за извршување на санкции дополнително ќе одлучи во законски утврдениот рок.“ - велат од Кривичен суд.

Попладнево кривичниот совет ја донел одлуката дали извршувањето на затворската казна ќе почне за пет дена, но не ја соопштуваат се додека не му ја дадат на рака на Кочан.

Според нашите информации паралелно во Агенцијата за управување со запленет имот е формирана комисија која му го проверува замрзнатиот имот и треба да почне конфискацијата на движен и недвижен имот во висина од околу 14 милиони евра од „Трансмет“ . Се проверува дали нешто е ставено под хипотека, за да може имотот да се продава а парите да се вратат во буџетот. Ова беше одлучено со правосилната пресуда, според која Сеад Кочан е осуден за добивање тендер вреден 17 милиони евра за ископ на јаглен и суровина со лажна документација на Конзорциумот, заедно со Силекс Неметали.

Кочан има и „План б“ за да не оди во затвор, бидејќи поднесе барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата. Преку вакво барање највисокиот суд ја спаси и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска и го одложи одењето во затвор. А меѓу ретките примери ваква одлука беше донесена и за Владо Бучковски. Во мај 2017, по два и пол месеца бегство од притвор, кое го правдаше како службен пат, Кочан беше примен како итен случај на Кардиологија, веднаш откако Врховниот суд донесе одлука да му се укине притворот.

0 Коментари

Остави коментари