Се запали болидот на Грожан на самиот старт на трката на Формула 1 во Бахреин
Foto

Се запали болидот на Грожан на самиот старт на трката на Формула 1 во Бахреин

Жестоко стартуваше трката за Големата награда во Бахреин, но уште на првиот свиок дојде до запалување на болидот на французинот Ромен Грожан, откако удри во заштитната ограда, по што уследи страотна експлозија, па трката беше моментално прекината. 

Грожан најверојатно имал блак конктак со друг болид, по што нагло сврте и удри во заштитната ограда и се запали. Болидот буквално се преполови и се запали, предниот дел тотално е уништен од експлозијата. Веднаш по ова, сите болиди влегоа во боксот, по што нестрпливо чекаа да дознаат за состојбата на Грожан. Од повторената снимка, видливо беше дека со задната гума од болидот, Грожан имаше мал контакт со предната лева гума на Даниел Квјат од тимот на Скудерија АлфаТаури, по што изгуби контрола и удри во заштитната ограда.

На теренот беше веднаш повикана брза помош, пожарот брзо беше изгаснат, а Грожан успеа да брзо излезе од запалениот болид. По неколку секунди, камерите го покажаа Грожан кој за среќа, успеа да излезе неповреден од стравотната експлозија. Веднаш му беше укажана брза помош и видливо беше дека возачот е во шок. Според последните информации, Грожан поминал со мали изгореници на рацете. Брзата реакција на стујардите на патеката, спречија, а не дојде до поголема трагедија.

„Ромен е во ред, не сакам да дадам медицински коментар, но имаше лесни изгореници на рацете и глуждовите. Очигледно е потресен … Сакам да им се заблагодарам на спасувачките екипи кои беа многу брзи. Редарите и луѓето на ФИА завршија одлична работа, беше страшно, како претпазливост и за понатамошно медицинско набљудување, нашиот пилот ќе биде префрлен во болница, соопштија од тимот Хас.

Возачот на Хас, Грожан има победено во Бахреин во 2000 година и две втори места со тимот на Лотус во 2012 и 2013 година. 

Трката во Бахреин која беше прекината по самиот старт е прекината поради санација на заштитната ограда.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари