Се уриваат нелегални летни тераси во кафеани лоцирани во Дебар маало
Foto

Се уриваат нелегални летни тераси во кафеани лоцирани во Дебар маало

Дивите тераси на кафулињата на улица Ленинова во Дебар Маало, денешна мета на општина Ценатар, работници ангажаирани од општината, но и сопствениците кои беа револтирани и не сакаа да говороат, интензивно работеа на отстранувања на нелегално поставените тераси. 

Општината центар која почна акција за уривање на нелегалните градби во првата фаза имаат издадено 16 решенија за остраснување на тврдата градба на летните тераси со цел, како што велат, да се стави ред на урбаниот хаос и метеж во една од најатрактивните локации во градот. И студентите од Архитектонскиот фалултет ги мобилизираа нивните визии со цел да го култивираат најфрекфетниот дел од градот. Жителите кој се најзасегнати од интезивните градежни активности и вревата, велат дека се чувстуваат крајно небезбедно.

Во акцијата на расчитување на нелегално поставените тераси кои ги узурпираат дел од троторатите во централното подрачје, се вклучи и општина Чаир. Сопствениците на неколку кафулиња во трговскиот центар Мавровка и Старата скопска чаршија, уторво беа опоменати да ги отсранат дивоградбите.

0 Коментари

Остави коментари