Се удави 14 годино девојче во базенот „Довлеџик“ во Битола
Foto

Се удави 14 годино девојче во базенот „Довлеџик“ во Битола

14 годишно девојче од Битола денес се удави во базенот „Довлеџик“ кој е затворен за оваа сезона. Според информациите на полицијата немилиот настан се случил денека околу пладне. Базенот Довлеџик е во сопственост на ЈП „Стрежево“ но под концесија бил издаден во 2017 година на фирма од Битола.

Од Клиничката Болница во Битола велат дека девојче на возраст од околу 13 до 14 години било донесено на Ургентното Одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот. Но, упорноста на екипата од ургентно и извршената реанимација биле неуспешни, вели портпаролот на болницата, Сузана Конеска и додава дека случајот понатаму го презема МВР и Обвинителството.

0 Коментари

Остави коментари