СЕ ТОПИ ЛИ ОПТИМИЗМОТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ?
Foto

СЕ ТОПИ ЛИ ОПТИМИЗМОТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ?

Нема сериозни очекувања и голем оптимизам  дека земјата напролет ќе ги започне пристапните преговори со ЕУ вели вицепремеирот  Бујар Османи. Една од причините според Османи е комплицираноста на односите во Унијата.

Истиот став го дели и поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере. Постигнувањето консензус за отпочнување преговори во март е голем предизвик  и не толку возможна опција вели Фуере и порачува интензивно да продолжи борбата за спроведување на рефоримите во правосудството и сузбивање на криминалот и корупцијата.

Ставовите за досега постигнатото, Перспективите и очекувањата од новата Европска комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, и усогласување со новите европски перспективи беа тема на годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања „Заедно кон ѕвездите” која денеска се одржа во Струга.

0 Коментари

Остави коментари