Се судрија два хидроавиони на Алјаска, петмина загинати
Foto

Се судрија два хидроавиони на Алјаска, петмина загинати

Пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато на Алјаска, во судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи од крстарење, соопштија властите и компанијата која го организирала летот.

Двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале 16 патници од бродот „Ројал принцес“ на компанијата „Принсес Круисес“, која организира патувања.  Се судрија во лет од непозната причина околу 13:00 часот (23:00 часот по средно-европско време) во близина на Кечикан, во американската сојзуна држава Алјаска, на Арктикот.

Според  „Принцес Круисес“, во несреќата загинале четири патници и пилот. Десет лица преживеале и пружена им е медицинска помош на местото на несреќата, додаде компанијата.

Американската крајбрежна стража ја потврди смртта на три лица и најави дека другите тројца се водат за исчезнати. Во потрагата се вклучени хеликоптери и бродови.

0 Коментари

Остави коментари